Одлично деби на Мркиќ во Италија, сама го победи противникот!

Поранешната ракометарка на Еуростандард ЃП, Жито Прилеп и на многу европски клубови – Савица Мркиќ, оваа сезона ќе игра за италијанскиот тим Паламано Мало.

Левиот бек уште на првиот дуел за новиот клуб, покажа дека ќе биде главниот стрелец во екипата.

Мало на домашен терен славеше против тимот на Сантарели Чинголи со 21-19, иако на полувреме губеше со 11-12.

Македонската интернационалка постигна девет погодоци, а ниедна од нејзините колешки не ја премина границата од два гола.