Одлично деби на Кипријановска – со „деветка“ ја почна француската авантура!

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска имаше одличен старт на првиот интернационален предизвик.

Таа беше најдобар стрелец во победата на нејзиниот нов тим Самбр Авенуа над Тулуз со 26-20.

Десниот бек од Македонија постигна девет гола од 12 обиди, од кои три беа од пенал и заработи едно исклучување.

Тоа се вкупно една третина од головите на нејзината екипа која има амбиции за пласман во елитната конкуренција во Франција следната сезона.

Во следното коло Кипријановска и Самбр Авенуа ќе играат на гости кај Труштерсхајм на 17 септември, додека претходно ги очекува настап во Купот на Франција.