Одлични партии на Македонките низ Европа

Денес продолжија натпреварите во рамките од Лигата на Европа и ЕХФ Купот во женска конкуренција.

Maкедонската репрезентативка Јована Саздовска одигра одличен натпревар во дресот на Дунареа Браила во рамките на Лига Европа. Романскиот тим ремизираше против Кубан Краснодар со резултат 25:25. Саздовска даде три гола, а поранешната вардарка Марина Дмитровиќ беше стрелец на четири погодоци.

Во рамките на ЕХФ купот, грчкиот шампион ПАОК се пласираше во четвртфиналето по двете победи во Солун на хрватскиот Бјеловар. На првиот меч беше 28:21, а на вториот 30:24. На двата меча Дајана Јовановска беше меѓу најдобрите стрелци и даде 14 погодоци, додека Марија Николиќ и Андреа Белеска не се запишаа во листата на стрелци.

Добра партија прикажа и Ангела Седлоска во дресот на Локомотива Загреб во рамките од ЕХФ Купот. Хрватките на свој терен беа убедливи во двете средби против Салерно  и славеа со 33:22 и 34:18. Седлоска на вториот натпревар постигна 5 голови од исто толку обиди.

Елиминација доживеа тимот на Наиса Ниш, кој два пати загуби кај Ринкон Фертилидад Малага со 33:22 и 37:24. Двете македонски репрезентативки, Симона Стојановска и Ивана Гакидова, беа меѓу најдобрите стрелци и постигнаа вкупно 11, односно осум голови на двата меча.