Одличните партии му донесоа нов договор: Никола Костески продолжува со Плзен!

Македонскиот интернационалец Никола Костески во следната сезона нема да ја менува клупската средина.

Стружанецот откако имаше одлични партии во дресот на Плзен си доби продолжување на договорот.

Раководството на чешкиот суперлигаш и повремениот репрезентативец на Македонија се договорија на нова соработка, со важност од една година.

Некогашното десно крило на Металург ги засили редовите на Плзен на почетокот на оваа сезона и веднаш стана клучна алка во тимот на Плзен.

Македонецот со Плзен го освија Купот на Чешка и сѐ на добар пат да ја освојат и титулата во националното првенство.

Костески во својата кариера беше дел и од екипите на Селкаспор, Татран Прешов, Линц и Холабрун.