Одличниот Димитриевски не можеше сам против Ваљадолид

Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, загуби дома од Ваљадолид со 25-29.

Во натпреварот од 9. коло во Асобал лигата, Синфин на полувреме имаше реми 13-13, а по негативата во вториот дел, 18-21, успеа да се врати во финишот на минус еден, 22-23, но не направи комплетен камбек.

Димитриевски беше стрелец на шест погодоци од десет обиди, од кои еден беше од седум метри.

Синфин Сантандер во следното коло ќе игра на домашен терен со фаворизираниот тим на Бидасоа Ирун.