Одлична партија на Костески, Линц ја испушти победата во финишот

Денес во шампионатот на Австрија се одигра интересен дуел помеѓу Линц и Вест Виен. Натпреварот заврши со резултат 29:29.

Во комплетно израмнет натпревар и двете екипи ги поделија бодовите. И на полувреме беше нерешено, 14:14. Иако на триесетина секунди до крајот Линц беше пред победа, сепак прими гол од пенал во последните секунди и го испушти триумфот.

Одлична партија во дресот на Линц одигра македонскиот интернационалец, Никола Костески кој беше втор стрелец во домашната екипа со седум погодоци, a имаше и две асистенции и две украдени топки.

Линц останува на 9. позиција со шест освоени бодови. Следен предизвик за Костески и неговата екипа е гостувањето кај Алпла на 13 февруари.