Одлична вечер за Митревски, Порто со плус три на реванш во Данска

Екипата на Порто забележа победа од 32:29 на првиот натпревар против Алборг во осминафиналето од Лигата на шампионите и ќе има мала предност на реваншот следната седмица во Данска.

Во текот на целата средба тимот на Порто беше во предност и беше подобриот тим. Сепак, Алборг не се предаваше. Иако Порто имаше и плус шест во еден дел од првото полувреме, гостите одиграа за да намалат и на одмор беше 18:14 за домашните.

Второто полувреме донесе поинтересен тек на играта бидејќи и гостите се заканија и се обидоа да дојдат до подобар резултат. Во 38. минута израмнија на 20:20, но потоа Порто одново дојде до предност и да биде во водство со 2-3 гола разлика која ја зачува до крајот.

Гостите постигнаа гол во последната секунда за конечни 32:29, па ќе биде доста интересно на реваншот. Доколку на голот не беше Никола Митревски кој имаше одлична вечер и запре 11 удари на противникот тогаш лесно можеше да се случи Порто да остане и без победа на овој дуел.

Итуриза со осум и Ареја со седум гола беа најефикасните на овој натпревар во тимот на Порто, додека во Алборг осум погодоци имаше Бартолд, а седум Мелград.