Одличен старт за Кузмановски и Хановер

Тимот на Хановер, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, имаше победнички старт на пријателските натпревари пред официјалниот почеток на новата сезона во Бундес лигата.

Хановер славеше против Нордхорн Линден со убедливи осум гола разлика, 29-21, а победникот беше најавен уште по првиот дел кога беше 13-9.

Кузмановски постигна четири погодоци, со кои беше втор стрелец во екипата по десниот бек Усчинс.

Иако Хановер донесе уште еден играч на позицијата на Кузмановски, Владислав Кулеш, сепак Македонецот покажа дека и сезонава ќе биде една од главните алки во нападот.