Одличен ден за фаворитите во Токио, а дербито за „фуријата“

Натпреварите од второто коло во машка конкуренција на турнирот во Јапонија донесоа резултати според очекувањата на средбите каде што имаше фаворити, додека на дербито „фуријата“ ја продолжи традицијата долга 24 години.

Шпанија и Норвешка имаа нова пресметка, а „фуријата“ ја реши во последните моменти. Времето беше истечено кога беше реализиран пенал за победа и за нови бодови освоени во меч со драматичен финиш.

На другите натпревари Франција, Данска и Шведкса дојдоа исто така до втори победи, додека први бодови освоија составите на Германија и Португалија.

Следното 3. коло во машка конкуренција е закажано за среда.

ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

БРАЗИЛ – ФРАНЦИЈА   29:34 (13:16) – ИЗВЕШТАЈ

АРГЕНТИНА – ГЕРМАНИЈА         25:33 (13:14) – ИЗВЕШТАЈ

ШПАНИЈА – НОРВЕШКА              28:27 (13:14) – ИЗВЕШТАЈ

3.КОЛО (СРЕДА, 28 ЈУЛИ)

09:15ч

НОРВЕШКА – АРГЕНТИНА

12:30ч

БРАЗИЛ – ШПАНИЈА

14:30ч

ФРАНЦИЈА – ГЕРМАНИЈА

ГРУПА Б

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ЕГИПЕТ – ДАНСКА          27:32 (15:14) – ИЗВЕШТАЈ

БАХРЕИН – ПОРТУГАЛИЈА          25:26 (15:14) – ИЗВЕШТАЈ

ЈАПОНИЈА – ШВЕДСКА                26:28 (14:17) – ИЗВЕШТАЈ

3.КОЛО (СРЕДА, 28 ЈУЛИ)

02:00ч

ДАНСКА – БАХРЕИН

04:00ч

ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА

07:15ч

ЈАПОНИЈА – ЕГИПЕТ