Одиграа седум натпревари, седумпати загубија, ги чека осмиот…

Екипата на ППД Загреб сезонава никако не успева да ја пронајде формата која носи до победа, а во Лигата на шампионите тимот веќе има седум порази на седумте средби кои ги одигра досега.

Во клубот никако не успеваат да се снајдат, а иако направија смена на тренерската позиција тоа не даде резултат во однос на победите кои никако да дојдат.

Проблеми за тимот на ППД Загреб направи и коронавирусот бидејќи имаше долга пазуа. Малку имаше можност за тренинзи и тоа само беше дополнителна потешкотија во и онака лошата сезона.

Загреб тргна во шампионатот со Игор Вори како тренер, но не одеше најдобро, па на негово место дојде Владо Шола, кој исто така не успеа да го постави тимот на вистинскиот пат.

Последниот дуел во Лигата на шампионите Загреб го имаше во Украина, каде што претрпе пораз против екипата на Мотор Запорожје со 25:29.

„Дваесетина дена не можевме да тренираме нормално. Мораме да кажам збор-два и за судиите. Има премногу одлуки кои се на наша штета. На последниот натпревар со Мотор иаше и премногу исклучувања. Штета што не успеавме оваа убава шанса конечно да ја претвориме во прва победа сезонава“, коментира тренерот Владо Шола за хрватските медиуми.

Според тоа како се движат работите ППД Загреб може да дојде и до осми пораз бидејќи ќе има уште еден натпревар кој ќе се игра во вторник во Словенија против тимот на Целје, кој ќе влезе како фаворит.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140