Одиграа само четири меча, а постигнаа 200 погодоци!

Ракометарите на Мотор Запорожје ја забележаа четвртата победа во украинскиот шампионат во новата сезона.

Избраниците на Гинтарас Савукинас славеа над Карпати со убедливи 33 гола разлика, 19-52.

Интересен е фактот што ракометарите на Мотор постигнаа досега вкупно 200 погодоци на четирите меча, што е во просек по 50 на секој натпревар.

Во Лигата на шампионите, Мотор почна со триумф над Порто, загуби кај Барса, а минимално беше поразен и од Келце.