Огромен пех за Барса – Макуц ја пропушта цела сезона!

Словенечкиот репрезентативец Домен Макуц ќе ја пропушти целата претстојна сезона, по повредата што ја доживеа на мечот со Војводина на турнирот во Добој.

Тој го повреди левото колено, односно ги скина лигаментите и за жал нема да се врати на терените во блиска иднина.

„Деталните прегледи ги потврдија најлошите прогнози – станува збор за кинење на латералните и на вкрстените лигаменти во коленото на левата нога. Макуц ќе биде опериран на 23 август, а рехабилитацијата ќе трае меѓу 9 и 12 месеци“, објави Барса.

Ова е голем удар за Барселона, која во меѓувреме остана без Лука Циндриќ, кој се пресели во Динамо Букурешт, па сега единствен класичен плејмејкер е Пол Валера.

Тренерот Ортега во прв момент веројатно ќе комбинира со десниот бек Мелвин Ричардсон, кој знае да се снајде одлично и на средната бековска позиција.