Овче Поле СУ во победничка серија – славеше и против Гевгелија

Ракометарките на Овче После СУ продолжуваат со победничките игри во плеј-аутот во Женската лига и во 8. коло на домашен терен ја совладаа екипата на Гевгелија со 29:22 што беше нивна четврта победа по ред.

Во текот на првото полувреме се играше доста израмнето, двете екипи имаа добри периоди но во поголемиот дел Гевгелија имаше предност. Така беше и по одиграни 30 минути кога гостите водеа 13:15.

Сепак во второто полувреме Овче Полсе СУ одигра многу подобро и целосно доминираше на теренот. Веднаш на почетокот Овче Поле СУ ја презема контролата на резултатот и без поголеми проблеми до крај стигна до убедлив триумф.

Со оваа победа Овче Поле СУ го задржа првото место на плеј-аут табелaта со 20 бода пред Спартак кој има 19. Најефикасна во победничкиот тим беше Стефанија Павловска со седум гола, а по шест постигнаа Вучевска и Димова. Во тимот на Гевгелија се истакна Драгица Митрова со девет гола.