Обрван верува во Еурофарм Пелистер и Металург, сите интернационалци од БиХ ги стави на список

Поранешниот селектор на Македонија и нов на БиХ, Ивица Обрван ги соопшти имињата на ракометарите од кои ќе го бира тимот за дуелот против Австрија на 14 март во Бугојно, а на него се најдоа дури петмина ракометари кои настапуваат во Македонија.

На поширокиот список се најдоа четворица играчи на Еурофарм Пелистер: Невен Стјепановиќ, Марин Вегар, Јосип Периќ и Елмир Граџан, како и Марко Тарабокија од Металург.

Од нив Стјепановиќ е ново име во репрезентацијата, па останува да се види кои од нив ќе се најдат на краткиот список. Ова е прв собир под водство на Обрван така што ќе има можност да се запознае подобро со ракометарите на кои ќе смета и на следните дуели од квалификациите за ЕП 2022.

ПОШИРОК СОСТАВ НА БИХ

Голмани: Бењамин Буриќ (Флензбург, Германија), Небојша Бојиќ (Рибница, Словенија), Адмир Ахметашевиќ (Пуенте Хенил, Шпанија), Харун Хоџиќ (Шамбери, Франција).

Леви крила: Ален Овчина (Слобода Тузла, БиХ), Хасо Чосиќ (Маглај, БиХ), Ведран Делиќ (Вилемзафенер, Германија).

Леви бекови: Дино Хамидовиќ (Тримо Требње, Словенија), Никола Прце (Беса Фамгас, Косово), Мирсад Терзиќ (Висла Плоцк, Полска), Мирко Херцег (Ѓенѓеш, Унгарија), Марин Вегар (Еурофарм Пелистер), Едо Мехинагиќ (Маглај, БиХ), Един Клис (Слобода Тузла, БиХ), Игор Мандиќ (Лимож, Франција).

Централни бекови: Иван Карачиќ (Макаби, Израел), Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер), Марко Тарабокија, Металург), Марко Давидовиќ (ЧСМ Букурешт, Романија), Иван Вукшиќ (Извиѓач, БиХ), Никола Грујиќ (Коњух Живинице, БиХ).

Десни бекови: Марко Паниќ (Мешков Брест, Белорусија), Дејан Малиновиќ (Балатонфуреди, Унгарија), Драган Павловиќ (Копер, Словенија), Матео Родин (Нексе, Хрватска), Никола Јеремиќ (Борац Бања Лука, БиХ), Невен Стјепановиќ (Еурофарм Пелистер).

Десни крила: Ибрахим Хасељиќ (Горење, Словенија), Срѓан Предраговиќ (ЧСМ Букурешт, Романија), Владан Ѓурѓевиќ (Слога Добој, БиХ), Лука Периќ (Борац Бања Лука, БиХ).

Пивоти: Владимир Врањеш (Мешков Брест, Белорусија), Сењамин Буриќ (ППД Загреб), Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер), Адин Фаљиќ (Криваја, БиХ).stj