„Нѐ очекува пекол во Битола“

Екипата на Еурофарм Пелистер денес пред својата публика ќе го пречека дански Архус во рамки од првото коло од Лига на Европа.

Данскиот тим во Битола ќе атакува на победа и ќе се обиде да има победнички старт во второто по ранг европско натпреварување.

Капитенот на Архус, Мортен Балинг имаше позитивни комплименти за битолската публика.

,,Нашиот ривал во првото коло е квалитетен тим, има голема поддршка од навивачите и атмосферата во салата ќе биде пеколна. Доколку сакаме победа против Еурофарм Пелистер ќе треба да одиграме на висина на задачата за да дојдеме до бодовите”, изјави Балинг.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Архус ќе започне со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Судии на овој натпревар ќе бидат Фабиан Баумгарт и Саша Вајлд од Германија, додека делегат на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Хрватот Синиша Рудиќ.

„Во Битола има фанатична публика, ќе биде многу бучно во салата“