НОЌТА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА: Комити и вардарци се подготвуваат за славје пред „Јане“!

Вардар после големиот триумф во Битола против Еурофарм Пелистер од 23:26 се враќа кон Скопје.

Најверните навивачи преку официјалниот сајт на Фејсбук ги повикаа ракометарите на Вардар во 23:00 часот, заедно да ја прослават победата пред салата „Јане Сандански“.

Оваа победа има голема важност бидејќи се искачија повторно на врвот на табелата и до крај на првенството им требаат уште три победи за нова титула.

Комитите не ги оставија своите миленици сами и беа поддршка на ова тешко гостување. Тие беа надвор од салата пред да заврши натпреварот заради безбедносни причини и не можеа да ја прослават победата со вардарци.