Норвешка најде модел како да го прогласи шампионот на прекинатото првенство

Норвешка беше првата земја која прогласи крај на сезоната и објави дека шампионот ќе биде добиен на зелена маса поради тоа што владее Корона вирусот.

Сега, веќе е разработен и моделот според кој ќе биде утврден шампионот за да може сите да конкурираат со еднакви шанси.

Со оглед на тоа што сите екипи пред прекинот на првенството немаа одиграно ист број на натпревари шампион нема да биде тимот кој е на првото место. Бројот на бодовите ќе се подели со бројот на одиграни натпревари и оној што ќе има највисок количник ќе се најде првото место и тој ќе биде шампион на Норвешка за сезоната 2019/2020.

Екипите од пониските рангови кои се стекнале со можност да играат во лига повисоко ќе добијат шанса да играат во истата, што автомтски значи зголемување на бројот и во Првата и во Втората лига на Норвешка.

Тимовите кои треба да испаднат од лигата, ќе добијат шанса за да играат и во новата сезона. Сепак, одлуката ќе биде исклучиво нивна и доколку прифатат ќе можат да го задржат статусот кој го имаа и годинава.