Норвежаните се исплашија, но и штедат, затоа Данците немаат таков проблем

Коорганизаторот на Европското првенство за ракометарки во декември, Данска одлучи да остане сè според планот и да не ги менува градовите кои се предвидени за домаќини на овој шампионат.

За разлика од Норвешка која одлучи сите средби да се играат во Трондхајм, од 3 до 20 декември ќе се игра во два града во Данска. Фридриксхафен и Хернинг остануваат организатори на групите А и Б од првата фаза, а потоа оние кои ќе обезбедат место за вториот круг продолжуваат во Хернинг.

Има уште една разлика во однос на Норвешка, а тоа е бројот на гледачи кои може да се најдат на трибините во Данска. Во моментов таму е дозволено да има по 500 гледачи на трибините така што тука ќе има и поголема можност за следење на натпреварите.

Веќе е познато дека финалниот викенд ќе биде во Трондхајм.