Норвежанецот од „стакло“ на нова пауза

Германскиот клуб Фленсбург на официјалниот веб-сајт соопшти дека десниот бек Магнус Род го чека нова пауза.

Стандардно секоја година, Род повеќе е на пауза отколку што игра, а на стартот на новата сезона норвешкиот репрезентативец од „стакло“ има проблеми со напукнати  лигаменти на десното колено.

„Ова е сериозна загуба за нашиот клуб. Уште еднаш ја почнуваме сезона со малку играчи во ростерот. Но Фленсбург минатата сезона покажа дека може да излезе посилен од ваква ситуација. Треба да имаме само силен тимски дух“, изјави тренерот Мајк Махула.

Норвешкиот репрезентативен десен бек повредата ја заработил на пријателски натпревар против данскиот Есбјерг, а должината на паузата од ракометните терени се уште не е позната.