Нора Мерк ги истетовира титулите во Лигата на шампионите (ФОТО)

Екипата на Вајперс Кристијансанд ја одбрани титулата во Лигата на шампиони за жени откако во финалето беше подобра од Ѓер со 33:31.

За Норвежанката Нора Мерк ова беше шеста европска титула, првата ја освои со Ларвик во сезоната 2010/2011, потоа три години по ред со Ѓер во сезоните 2016/17, 2017/18 и 2018/19.

Последните две ги освои со Вајперс Кристијансанд во сезоните 2020/21 и 2021/22.

Нора Мерк освоените титули ги забележува на прстот на левата рака, а па така сега има истететовирано по една цртичка за секоја освоена титула во Лигата на шампиони.