Нора Мерк во солзи го напушти теренот, заработи нова повреда на коленото?

Репрезентативката на Норвешка и ракометарка на Вајперс Кристијансад, Нора Мерк, на денешниот натпревар од Лигата на шампионите против Ростов Дон се здоби со повреда.

Во последните минути од натпреварот, Мерк почуствува болки во коленото и мораше да го напушти теренот.

Камерата ја забележа нејзината болна фаца, таа го напушти теренот во солзи, а нејзината кариера повторно ќе биде во опасност, ако се работи за посериозна повреда.

Мерк скоро и да не ја одигра ланската сезона во дресот на романскиот шампион, ЧСМ Букурешт, откако имаше сериозна повреда на коленото.

Од норвешкиот клуб се уште нема соопштение и детални информации во врска со повредата на една од најдобрите ракометарки на светот.