Нов предизвик за ветеранот – следна станица Мелсунген

Еден од ракометните ветерани, Александар Петерсон на крајот на сезоната ќе го напушти Фленсбург.

Следна дестинација на искусниот ракометар од Исланд ќе биде Мелсунген. Веста за неговото заминување и официјално беше објавена на клупските страни на Фленсбург на социјалните мрежи, Твитер и Фејсбук.

Петерсон во Фленсбург пристигна од екипата на Рајн Некар на почетокот на новата година како замена за повредениот, Франк Семпер. Потпиша договор до остатокот на оваа сезона, но високите амбиции на Мелсунген беа причина и за негово заминување и краткиот престој во Фленсбург.

Во новата сезона покрај Петерсoн нови ракометари во Мелсунген ќе бидат и Давид Мандиќ (Загреб), Андре Гомеш (Порто), и Елвар Јонсон (Скјерн).