Нов пораз за Раул и „светците“: Монпелје со нокаут за ПСЖ! (ВИДЕО)

По поразот од Магдебург во Лигата на шампионите, тимот на ПСЖ доживеа уште еден пораз, но овојпат во францускиот шампионат.

ПСЖ загуби на гостувањето кај Монпелје со 31-30. Тимот на Раул можеше да се врати од ова тешко гостување, но Десбоне го одбрани последниот шут на Кристопанс.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Порт и Вијмино со по шест гола, додека исто толку за ПСЖ дадоа Балагер и Кристопанс.

Сега Монпелје е лидер со 26 бода  од 14 бода, пред ПСЖ со 24, а Нант е трет со 22 бода, но има и меч помалку.