Нов пораз за Амичитија и Поповски, засега чекорат кон плеј-аут битка

Екипата на Амичитија Цирих претрпе нов пораз во најсилната лига на Франија откако денеска на домашен терен загуби од Тун со 21:24.

Овој поразја остави екипата од Цирих на претпоследната позиција на табелата која води во плеј-аут разигрувањет така што ситуацијата уште е лоша.

На овој натпревар интернационалецот од Македонија, Мартин Поповски имаше реализација од 100 проценти, но постигна само два гола. Покрај тоа двапати беше и исклучен.

Сепак, Амичитија Цирих никако не може да врзе неколку добри партии, но шансата за да се искачи место погоре и да избегне плеј-аут постои бидејќи Базел кој е осмопласиран има само три бода повеќе.