Нов позитивен случај во Бундес лигата – уште еден „лав“ има коронавирус!

Откако пред два дена беше објавено дека данскиот репрезентативец Мадс Менса Ларсен е заразен од коронавирусот, беше прашање на време кога ќе биде уште некој од неговите соиграчи.

Вечерва германските медиуми информираат дека кружниот напаѓач на Рајн Некар Левен, Јаник Колбахер имал позитивен тест на КОВИД-19.

Претходно двајца тренери од Данска и Исланд беа позитивни на коронавирусот, како и уште петмина играчи од шпанскиот второлигаш Малага и еден ракометар од францускиот Лимож.

Со Колбахер, бројката на инфицирани од коронавирусот во ракометот порасна на десет.