Нов позитивен во Веспрем, но само тој оди во изолација

Поранешен ракометар на Вардар е новиот позитивен на Ковид 19 во редовите на Веспрем, но во целата ситуација, сепак, има и добра ситуација односно добра вест.

Се работи за десниот бек Хорхе Македа, кој после тренинзите со репрезентацијата на Шпанија имаше позитивен тест на Ковид 19.

Сепак, со оглед на тоа што тој последниот контакт со своите соиграчи од тимот го имал на 28 октомври нема да има потреба од изолација за сите ракометари. Во изолација ќе биде само Македа, а другите ракометари на Веспрем ќе можат без проблеми да продолжат со активностите.

Ова е добра вест со оглед на тоа што нов карантин ќе донесеше многу поместува за составот на Веспрем. Од следната седмица ќе има нови натпревари во Лигата на шампионите, па затоа во лошата вест има едно добро, а тоа е што во изолација оди само Македа.