Нов интернационален предизвик – Бисера Паскал се сели во Шпанија

Доскорешната голманка на Куманово, Бисера Паскал, во продолжение од сезоната ќе настапува во Шпанија.

Паскал потпиша договор со тимот на Салуд Тенерифе и ќе го чува голот на овој клуб до крајот на сезоната.

Голманката претходно има настапувано за хрватскиот тим Арена Пула, а во Македонија беше дел и од Металург.

Тенерифе се наоѓа на 13 место на табелата во шпанската лига, има една победа, па Паскал ќе се обиде да му помогне на тимот да опстане во најелитното женско натпреварување.

Дебито би требало да го има на 5 февруари на гостувањето кај Атлетико Гуардес.