Нов десен бек во Бутел – потпиша Душан Трифковиќ

Српскиот интернационалец Душан Трифковиќ е нов десен бек на Бутел Скопје, откако потпиша договор до крајот на оваа сезона. Тој ќе биде замена за Украинецот Сергеј Сулима, кој се пресели во Израел. Трифковиќ доаѓа во Скопје од романската Решица.

„Единствениот мотив што доаѓам во Бутел Скопје е амбициите на клубот за борбата за самиот врв на македонското првенство и излез во Европа. За Бутел слушнав само убави зборови, знам дека е многу добро организиран клуб. Се уште не ги познавам соиграчите, но знам дека можеме да се бориме за високите позиции во Суперлигата“, вели Трифковиќ.

Трифковиќ има 29 години (192 цм/93 кг) и потекнува од тимот на Инџија. Во кариерата беше дел од романските Сучеава и Решица, пред да замине во францускиот Нанси, од каде се враќа во Србија и го носи дресот на Војводина.

Со српскиот шампион играше во СЕХА лигата и во европските купови, а во сезоната 2018/19 настапуваше за турскиот Беледије. Лани се врати во романската Решица, но овој тим доживеа финансиски колапс.