Нов ден, нов позитивен случај во Франција – откажани контролите со Египет

Селекторот на Франција, Гијом Жил, не може да крене глава од проблемите со повреди на дел од играчите и со позитивните случаи во ростерот.

Најновото име на листата позитивни ракометари е пикерот на Нант, Тео Монар, кој беше повикан како замена за повредениот Лука Карабатиќ, па Жил сега остана само Турна и Фабрегас.

На првиот ден од 2022 година стана јасно дека ниту Елохим Пранди од ПСЖ нема да биде во можност да игра на ЕП по нападот на новогодишната ноќ кога беше избоден со нож.

Никола Карабатиќ, Дилан Наи, Уго Деска и Ејмерик Мин од вчера започнаа со тренинзи, имаа прв негативен тест, но работат одвоено во друга сала и веројатно за три дена ќе им се приклучат на останатите.

Франија ќе игра во групата Ц на Европското првенство во Сегедин заедно со Хрватска, Србија и Украина.