Нов Данец на радарот на Флензбург

Тимот на Флензбург кој e во битка за титулата во Германија и кој заостанува бод зад Кил, би можел да има нов Данец во составот за следната сезона.

Се работи за ракометарот Арон Менсинг, кој би требало да пристигне од редовите на Холстебро.

Тој би пристигнал во Флензбург како замена за неговиот сонародник, Лазе Милер, кој по сè изгледа ќе си замине од тимот од Бундес лигата поради честите повреди.

Инаку, Менсинг има договор со Холстебро до летото во 2023 година, но сака да си замине од оваа екипа.