Ново признание за Зорица Десподовска, во трка за најдобра ракометарка и за ноември

Интернационалката од Македонија која настапува во првенството на Полска, Зорица Десподовска доби уште едно признание за сите добри игри со тоа што се најде во изборот за најдобра ракометарка на Супер лигата за ноември.

Десподовска е лидер во тимот на Кобиржице уште од стартот на сезоната и игра во одлична форма.

Досега неколкупати се најде меѓу најдобрите три во коло, а еднаш беше и изгласана за најдобра.

Минатиот месец беше вторпласирана според гласовите на Фејсбук страната на Ракометната федерација на Полска, а сега одново е во трка за играч на месецот.

Заедно со неа во гласањето за најдобра ракометарка во Супер лигата на Полска се и нејзината клупска колешка Беата Ковалчук, како и Каролина Кочанијак од тимот на Заглебие.