Ново натпреварување на ИХФ – во декември ќе се игра Куп на Конфедерации!

Светската ракометна федерација оваа година започнува со организација на Куп на Конфедерации, натпреварување кои би требало да се игра во годината пред Светските шампионати.

Првото издание е најавено за декември оваа година, од 25 до 31, а би требало да учествуваат шампионите на сите континенти.

Европа ќе ја претставува Шпанија, учесник од Азија ќе биде Катар, од африканскиот континент шампионот Египет, додека од Јужна Америка ќе игра Аргентина.

Можно е да учествуваат уште две репрезентации со вајлд карти, но каков ќе биде форматот на играње останува да видиме по конгресот на ИХФ по кој би требало да има повеќе детали.

Во фудбалот исто така постои вакво натпреварување што се одржува една година пред СП.