Ново заминување од ЦСКА Москва – Дарија Дмитриева се сели во Крим

По Цвијиќ, Судаков, Ведјхина, Седојкина и Маслова, уште една ракометарка следната сезона нема да биде дел од ЦСКА Москва.

Станува збор за средниот бек Дарија Дмитриева, која оди на позајмица во словенечкиот шампион Крим Љубљана.

Средната бековска позиција во рускиот тим е покриена со Илина и Сабирова, па раководството реши да и даде шанса на Дмитриева да игра во Лигата на шампионите.

ЦСКА Москва и другите руски клубови во новата сезона нема да играат во европските купови поради суспензијата од страна на ЕХФ.