Новогодишното славје заврши, ракометарите се вратија во акција

По напорните подготовки за Европското првенство во Маврово и двата контролни натпревари против Кувајт, ракометарите добија слободен ден.

Дел од нив заедно со селекторот Кире Лазаров беа на прослава за Нова Година, но немаа многу време за славје, бидејќи на првиот ден од 2022 им се вратија на обврските.

Од денеска започнува втората фаза на подготовките за Европското првенство која ќе одвива во Скопје и во која ќе бидат одиграни уште две пријателски средби против селекцијата на Израел.

Тие ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ на 3 и 4 јануари, а потоа македонската селекција ќе ги продолжи тренинзите до заминувањето за Дебрецин на 11 јануари.

Македонија ќе игра во групата А во „Феникс Арена“ заедно со репрезентациите на Данска, Словенија и Црна Гора.