Нови суперлигашки возбудувања – дерби во Кавадарци, братски дуел во Битола, две скопски пресметки

Претстојниот викенд продолжуваат возбудувањата од битките за титула и за опстанок во суперлигашкото друштво.

Дербито е на програмата во недела во Кавадарци, каде Тиквеш ќе го пречека Охрид. Шампионот Вардар ќе се пресмета со Бутел Скопје, додека Алкалоид во втората скопска пресметка ќе бара прв триумф против Пролет.

Во Битола ќе биде интересно на братскиот двобој меѓу првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, а овие четири дуели ќе се играат од петок до недела.

Во разигрувањето за опстанок, Јуниор КВ ќе бара прва радост против Радовиш, неготинци го пречекуваат Скопје, додека Куманово игра со Голден Арт, за кој ќе дебитира новиот тренер Владимир Глигоров.

Најинтересно се очекува да биде на натпреварот во Прилеп, каде доаѓа Струга, која загуби два пати во плеј-аутот.

Суперлига, плеј-оф, 3 коло:

24/2, 18:30, Вардар – Бутел Скопје
25/2, 18:00, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
26/2, 19:00, Алкалоид – Пролет
26/2, 19:00, Тиквеш – Охрид

Суперлига, плеј-аут, 3 коло:

25/2, 17:00, Јуниор КВ – Радовиш
25/2, 18:30, Вардар Неготино – Скопје
26/2, 15:00, Прилеп – Струга
26/2, 18:00, Куманово – Голден Арт