Новите засилувања на Вардар ќе ги видиме на дело против Нексе и ПИК Сегед

Раководството и стручниот штаб на европскиот првак Вардар веќе го направија планот на подготовките за следната сезона. Веќе е потврдено учеството на традиционалниот турнир во Кањижа, кој ќе се одржи од 21 до 23 август. Покрај Вардар, ќе играат и ПИК Сегед, како и хрватскиот Нексе Нашице.

„Црвено-црните“ го освоија овој турнир во 2015 година, кога во финалето беа подобри токму од унгарскиот вицепрвак.

Подготовките за новата сезона ќе започнат на 18 јули, а можно е евроскиот првак да игра на Струшкиот турнир, кој ќе биде само со македонски екипи. Доколку тој не се одржи, првите пријателски натпревари за Вардар ќе бидат во Кањижа, каде ќе ги видиме на дело новите засилувања – Вујин, Гаџа, Талески, Георгиевски, Јотиќ, Кантегрел…

Вардар во следната сезона ќе игра во СЕХА лига и во Лигата на шампионите. Новото издание на регионалната конкуренција, тимот на Стевче Алушовски ќе го започне на почетокот на септември, а во ЛШ на 16 или 17 септември.