USA vs Belgium, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Malmo, 23.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Нова сензација од САД-Победија и европска селекција на Мундијалот!

Денешната програма од 15:30 часот беше резервирана за дуелите помеѓу фенерџиите ви групите 3 и 4, односно за репрезентациите без освоен бод.

Во дуелот од групата 3,  Аргентина стигна до првата победа во главната фаза совладувајќи го Катар со  22-26. Јужноамериканците имаа константно водство во поголемиот дел од првото полувреме кое најчесто се движеше помеѓу два и три голови разлика, а во 20.минута стигнаа до највисоките +4, 7:11. До крајот на првите триесетина минути Катар намали еден гол за конечни на полувреме 9:12.

Qatar vs Argentina, IHF 2023 Men’s World Championship – POLAND, SWEDEN, Katowice, 23.01.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Во вториoт дел гледавме сличен тек како и во првото полувреме. Аргентина имаше константно водство, а најмногу што успееа да направат ракометарите на Валеро Ривера е да се приближат на два гола негатива. На крајот Аргентина славеше со 22-26, трумф кој  беше доволен за 19.место на Мундијалот.

Во натпреварот од групата 4 кој исто така беше дуел помеѓу две репрезентации без освоен бод, САД и Белгија одиграа еден возбудлив и неизвесен натпревар во кој славеа Американците со 24-22 (14-12).

По првото полувреме кое комплетно им припадна на Американците кои имаа постојано водство помеѓу два и четири голови разлика ,во вториот дел Белгија успеа да се врати во игра и го направи драматичен крајот на овој натпревар. Позитивата на Американците од три гола беше стопена на почетокот на вториот дел, дури на средината на второто полувреме Белгија успеа да го превземе водството и да поведе со 17-16. Сепак САД покажаа карактер на овој дуел и смогнаа сили да се вратат во игра каде во последните десетина минути од натпреварот ја вратија позитивата во своја корист и славеа победа од 24-22.

USA vs Belgium, IHF 2023 Men’s World Championship – POLAND, SWEDEN, Malmo, 23.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

По овој триумф и Аргентина и САД се пласираа на петтото место во својата група. Во конечниот пласман Аргентина се најде на 19. а САД на 20.место на Мундијалот во Полска и Шведска.