Нова измена кај стрелците во Супер лига: Палевски направи предност пред Илиев

На средина од регуларниот дел на сезоната двајцата ракометари кои од стартот се во водство на Листата на стрелците ја продолжуваат трката. Сепак, после 9. коло има смена на врвот бидејќи Давор Палевски успеа да го помине Ивица Илиев и има предност пред него од шест погодоци.

Меѓу нив двајца е големата трка сезонава, а предноста е сè поголема така што другите во топ 10 се распоредени во разлика од 10-11 погодоци.

СУПЕР МАШКА ЛИГА (ПОСЛЕ 9. КОЛО)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

92 – Давор Палевски (Работнички)

86 – Ивица Илиев (Радовиш)

60 – Иван Џонов (Пролет)

58 – Филип Николов (Радовиш)

56 – Мартин Поповски (Пролет)

55 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

53 – Лука Стојановиќ (Металург 2)

53 – Стефан Талевски (Пелистер)

52 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

49 – Сергии Сулима (Работнички)