Нова жртва на „Корона“ во Романија: Суспендирана и директорката Маријана Тирка

Една од најдобрите ракометарки на сите времиња на Романија, Маријана Тирка е суспендирана на две години поради допинг скандалот кој го зафати клубот на Корона Брашов.

Таа доби казна од две години поради тоа што не презела соодветни мерки за да ја спречи ситуацијата во која се најде клубот, кога речиси сите ракометарки беа позитивни на допинг тестот.

За тимот од Брашов настапуваше и ќерката на Маријана Тирка, Сорина, која одби да ја помина тест процедурата за користење на недозволената ласерска терапија. Таа по консултација со својата мајка одбила да се тестира, па комисијата донела строга одлука за мајката.

Ова е само уште една казна бидејќи речиси сите ракометарки добија суспензија, како и членови на раководството и на докторската екипа на Корона Брашов.