Нова европска задача за Митревски и Тодоровски

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за третото коло во Лигата на Европа, второто по ранг клупско натпреварување.

Македонскиот двоец Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе патуваат во Финска, во градот Рихимаки.

Таму ќе се игра дуелот меѓу финскиот шампион Кокс и португалската Бенфика, а Тодоровски и Митревски ќе ја делат правдата.

Овој натпревар се игра на 16 ноември со почеток во 18:45 часот.