Нова Година ќе ја дочекаат во карантин

Ракометарите на бундеслигашот Гепинген до првите денови од новата година ќе мора да бидат во карантин.

По позитивните тестови во Мелсунген, и Гепинген ќе оди во карантин, бидејќи во неделата овие две екипи играа натпревар, а во понеделникот тројца ракометари на Мелсунген беа позитивни на коронавирусот.

Поради ваквите случувања, откажани се наредните натпревари на двете екипи.

„Ние треба се да направиме и дa спречиме можни инфекции и кластери на зарази во нашиот тим, нивните семејства и наредните противници“, изјавија од Гепинген.

Во Мелсунген се позитивни Силвио Хајневетер, Тимо Кастенинг и Ив Кинкел, па не е познато дали првите двајца ќе ги стартуваат подготовките со германската репрезентација за СП.