„Ни треба помош од политичарите, не можеме да седиме во ќош како истепани кучиња“

Бундес лигата претрпува големи загуби како резултат на сусепндирањето на сите натпревари во Германија. Шефот на организацијата, Френк Бауман за германските медиуми рече дека состојбата со пандемијата на коронавирус се заканува на опстанувањето на некои клубови. Бундес лигата ќе побара помош од надлежните институции.

„Главната цел во овој момент е да се обезбеди ликвидност на сите клубови и Бундес лигата. Ситуацијата е исклучително напната. Во моментов има само трошоци, а немаме приходи, ќе побараме помош од политичарите. Многу години се развиваме и имаме расат, но сега ситуацијата се смени. Не можеме да седиме во ќош како тепани кучиња“, рече Френк Боман.

Исто така и директорот на Фуксе Берлин, Боб Хенинг се приклучи на Боман кон барањата до политичарите за помош.

„Потребна е политичка поддршка, како што е за бизнисите и ние мора да имаме иста поддршка како другите компании, не треба да има исклучоци“, рече Хенинг.

Раководството на Бундес лигата и директорите на клубовите во понеделник ќе одржат телефонски состанок на која ќе се разговара за барањата до политичарите за поддршка.