Ништо од Нант, Раул Ентрериос останува уште една година во Барселона

Ако досега имаше дилеми, од денеска веќе ги нема. Раул Ентрериос и во следната сезона ќе го носи дресот на Барселона.

Каталонскиот гигант објави за продолжување на соработката со ветеранот на уште една сезона со легендарниот ракометар кој веќе десет години игра во „Блауграна“.

Ентрериос планираше крај на кариерата ова лето со настап на Олимписките игри во Токио, но поради одложувањето, реши да игра уште една сезона.

Следната сезона на средната бековска позиција освен Ентрериос, Барселона ќе ги има Лука Циндриќ и Домен Макуц.

Иако неговиот брат Алберто Ентрериос, кој е тренер во Нант, го повика во францускиот клуб, сепак Раул реши да остане во Барса.