Ништо од Вардар, Ел Тајар се сели во Бундес лигата

Голманот на репрезентацијата на Египет, Мохамед Ел Тајар, кој требаше од Ал Ахли да пристигне на позајмица во оваа сезона во редовите на Вардар, својата кариера ќе ја продолжи во најквалитетната лига на светот.

Според шпекулациите, Ел Тајар во продолжението од сезоната ќе го брани голот на Лајпциг. Египќанецот беше во комбинација да биде нов голман во Вардар, но неговиот трансфер со “црвено-црните”не беше реализиран.

Бидејќи првиот голман на Лајпциг, Џоел Бирлем одлучи да се пресели во Рајн Некар, раководството на клубот мораше да најде соодветна замена за Бирлем до крајот на сезоната.

25-годишниот голман на египетската репрезентација ќе има голема можност своите квалитети да ги покаже против големи екипи како Кил, Рајн Некар, Фленсбург…Во Лајпциг ќе му биде соиграч на поранешниот ракометар на Вардар, Ловро Јотиќ.

Ел Тајар со својата репрезентација настапи на Светското првенство во 2019 и 2021 година.