Ништо од Алборг – Никлас Ландин верен на Кил до 2025 година (ВИДЕО)

Иако се најавуваше дека голманот на репрезентацијата на Данска и член на Кил, Никлас Ландин, ќе биде новото засилување во дрим тимот на Алборг, искусниот голман реши да остане верен на Кил и да го продолжи договорот до 2025 година. Веста за продолжување на договорот беше објавена на официјалната клупска страна на инстаграм.

Кил ги продолжи договорите пред извесен период и со носителите на играта во напад и одбрана, Хендрик Пекелер и Харалд Рајнкинд. Со новите договори, Кил, уште еднаш покажа дека ги цени ракометарите кои беа дел од освојувањето на европската титула во Лигата на шампионите.

Ландин во редовите на Кил пристигна во 2015 година, стана еден од најдобрите голмани во Бундеслигата, а своето ракометно реноме го потврдуваше секоја година на европските натпреварувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THW Kiel (@thwhandball)

Во својата кариера освен за Кил го бранеше голот и на Рајн Некар, Силкеборг и ГОГ Гудме. На последното Светско првенство во Египет со својата селекција го освои златниот медал, а еден месец порано и шампионскиот пехар во Лигата на шампионите.