Ница со Колев и Мицевска во победничка серија

Тимот на Ница ја продолжи победничката серија во новата 2021 година, откако го забележа четвртиот триумф по ред.

Ница предводена од македонскиот стратег Марјан Колев на клупата, а во чиј состав е голманката Јована Мицевска, славеше над План Де Кук со 28-25.

Претходно Ница ги победи Флери Луар, Шамбре Турен и Сен Аман и се искачи на петтата позиција на табелата со 23 бода

Пред Ница се Нант и Париз со 27 и 26 бодови, па овој тим ќе има шанса во продолжението од сезоната да напредува уште повеќе.

Следен предизвик за Колев и Мицевска, ќе биде дуелот со шампионот Мец.