Ница на Колев и Мицевска триумфално против Безансон

Репрезентативката на Македонија, Јована Мицевска заедно со нејзиниот тим, Ница кој е предводен од Марјан Колев, во натпревар од францускиот шампионат обезбедија важна победа против незгодниот тим Безансон, со резултат 29:26.

Во првиот дел, ракометарките на Безансон беа во предност, но по големата борба на пауза се замина со 12:12. Во вториот дел, избраничките на Колев беа подобар противник и заслужено ги освоија бодовите.

Мицевска беше солидна меѓу стативите, забележа седум интервенции, поголем дел во клучните моменти од вториот дел и беше една од најзаслужните за освоената победа.

Екипата на Ница моментално се наоѓа на 10. позиција во најсилниот француски шампионат со 13 освоени бодови.