Ниту Вардар, ниту Еурофарм Пелистер на МТВ

Откако вчера информиравме дека денешната средба на Вардар против Елверум нема да може да се следи на каналите на Македонската телевизија, денеска информација дека во моментов се прават напори да се обезбедат правата да се емитуваат натпреварите кои ќе се играат на домашен терен.

Како што стојат работите во моментов Вардар ќе може да се следи на стартот од сезоната на Арена Спорт ТВ. Меѓутоа новите информации се дека истото ова важи и за Еурофарм Пелистер и неговите настапи во групната фаза во Лигата на Европа кои би требало да стартуваат следниот месец.

Веќе е познато дека ТВ правата за Македонија за натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа ги има Арена Спорт ТВ и поради тоа е тешко да се обезбеди можност средбите да бидат емитувани на некој од каналите на Македонската телевизија.

Дали ќе се сменат работите во следниот период останува да се види, а засега е јасно дека натпреварите на Вардар ќе се следат на Арена Спорт ТВ додека до првиот дуел на Еурофарм Пелистер останува има простор да се сменат условите.