Ним знае како е да се игра во Битола, но и како се губи

Денешниот противник на Еурофарм Пелистер, Ним по вторпат гостува во Битола во европско натпреварување, но после долго време. Првиот пат Ним не помина најдобро и нема по што да се сеќава иако успеа да го елиминира Пелистер од тогашниот Куп на ИХФ.

Во време кога Пелистер играше во најсилната лига на тогашна Југославија, па беше претставник на една силна лига во 1/16-финалето од Купот на ИХФ. ТОгаш Пелистер победи со 28:23 на првата средба.

На реваншот во Франција Ним врати со иста мерка. Победи со пет гола разлика, 21:16, па поради помалиот број на голови на гостински терен битолчани не успеаја да продолжат во натпреварување.

Сепак, останува забележана победата на домашен терен против тим кој игра во една од најсилните лиги во Европа.