Никој не може да ги запре Митревски и Порто

Тимот на Порто каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски забележа нова победа во португалскиот шампионат.

Порто потешко од очекувањата славеше триумф на гостувањето кај составот на Аванка со 29-30, а на полувремето имаше негатива од два гола, 15-13.

Митревски и Кинтана поделија по едно полувреме, а нашиот чувар на мрежата бранеше во првиот дел и собра осум интервенции од 22 упатени удари.

Кинтана забележа седум одбрани во второто полувреме и тоа беше доволно за Порто да го задржи максималниот биланс во домашното првенство, 12 победи на 12 натпревари.

Следниот предизвик за Порто и Митревски е веќе утре на гостувањето кај тимот на Гаиа, додека на 12 декември ќе играат дома со Боависта.